Савевски: Презадоволен сум од победата над Голден Арт, видлив е напредокот во РК Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид славеа убедлива победа над Голден Арт од 29-35 во натпреварот кој одлучуваше за првото место во Првата лига на Македонија. На крајот шесте гола позитива делуваат и малку бидјеќи во еден момент гостите имаа и плус дванаесет.

Тренерот на Алкалоид, Љубомир Савевски вели дека кога дерби натпревар ќе добиеш едноставно не може да не си задоволен и покрај некои грешки кои ги имаа неговите ракометари.

„Презадоволен сум од победата над Голден Арт. Иако во некои моменти имаше опуштање и пад на концетрацијата, сепак кога еден дерби натпревар ќе добиеш вака убедливо не може да не си незадоволен. Се гледа дека има голем напредок во тимот. Имавме неколку падови во играта и брзо од 12 разликата се намали на шест, нешто што не ми се допаѓа. Место на уште понеискусните играчи да им дадеме шанса на голема предност од 12 гола, тие во игра влегоа на шест гола предност. Сепак, кога ќе се повлече црта и ќе се види целиот меч презадоволен сум како одигравме“, вели Савевски. 

Веќе утре новиот ракометен клуб во Македонија го чека нов предизвик, а тоа е натпреварот во четвртфиналната група во купот на Македонија против Еурофарм Пелистер. Савевски вели дека во овој меч против еден од најдобрите тимови во Македонија и екипа која стигна далеку во Лигата на Европа ќе биде уживање за неговите играчи.

„Кога играш како квалитетен тим како што е Еурофарм Пелистер не останува ништо друго освен да уживаш во тоа. Ќе играме само ден и половина подоцна по вчерашниот меч против Голден Арт кој емотивни не потроши. Сепак, верувам дека моите играчи ќе го дадат својот максимум и достојно ќе му се спротиставиме на големиот фаворит“, заврши Савевски. 

Натпреварот меѓу РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток во 11 часот.

Се вчитува...