Савичевиќ во шок: „Што? Осим умрел? Нема да плачам… нема да плачам…“

Веста за смртта на легендарниот Ивица Осим, а популарниот Швабо, како „бомба“ во неколку минути одекна низ сите земји од поранешна Југославија.

Многумина веднаш се збогуваат со Осим кој остави силна фудбалска трага на овие простори.

Еден од оние кои останаа во шок кога ја слушнаа веста е актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ кој беше незаменлив во репрезентацијата на СФРЈ под палката на Ивица Осим и одигра феноменален шампионат на СП 1990…

„Што? Ивица починал? Немам коментар… немам коментар… Нема да плачам, нема да плачам…“ – кратко за српски „Телеграф“ прокоментира Савичевиќ.

Од Осим се збогуваше и ФК Партизан кој никогаш нема да заборави што за „црно-белите“ направи легендарниот Швабо додека во периодот во 1992 година беше тренер на Партизан.

Осим всушност е идејниот творец на актуелниот тренинг камп на Партизан, „Земунело“. Кога на еден ручек со Бјековиќ го однеле на тој простор, Осим категорично им рекол: „Што чекате, почнете тука да градите тренинг центар“. И така бидна. Сега Партизан тука го има еден од најголемите и најдобрите фудбалски тренинг центри на Балканот.

Се вчитува...