Савидис ќе биде протеран од грчкиот фудбал?

Претседателот на ПАОК, Иван Савидис најверојатно ја завршува својата мисија во грчкиот фудбал, по инцидентот кој се случи за време на дербито против АЕК, кога со огнено оружје влета на терен. Тој негов потег резултираше со прекин на првенството во Грција на неодредено време, а се поголем е и притисокот од ФИФА и од УЕФА за жестоки санкции.

Фудбалскиот сојуз на Грција на денешниот состанок со претставници на ФИФА им соопшти дека Савидис прекршил низа кодекси, вклучувајќи ги и заканите кон главниот арбитар, прекршоци по кои може да добие суспезија од пет години вон фудбалот. Дисциплинската комисија на Првата грчка лига треба да ја изрече казната во најскоро време.

Доколку ПАОК изгуби бодови во првенството поради  однесувањето на низниот газда, ќе остане без титулата за која чекаат повеќе од три децении, бидејќи АЕК моментално има два бодови повеќе, со што тимот од Атина е лидер во шампионатот.

 

Се вчитува...