Сагата околу статусот на Савињо во Манчестер сити е завршена. И покрај силниот интерес од Тотенхем, Бразилецот на крајот го продолжи договорот со клубот од „Етихад“.
Приказната помеѓу Тотенхем и Савињо сериозно се развиваше во последните денови од преодниот рок. Но, бидејќи тоа не се материјализираше, Бразилецот се сврте кон преговори со Сити во врска со нов договор.
Савињо е обврзан со нов договор до 2031 година. Тој одигра девет натпревари, вклучувајќи три на Светското клупско првенство. И токму на тој турнир одигра најмногу минути – 300 од вкупно 511. Значи, на шест меча во другите натпреварувања, одигра само 211 минути.
Откако се приклучи на Сити во летото 2024 година, тој одигра вкупно 54 натпревари за „граѓаните“ и постигна четири гола во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

