Саво Милошевиќ нов селектор на БИХ

Поранешниот српски напаѓач Саво Милошевиќ, е назначен за нов селектор на БИХ. Вака одлучи извршниот одбор на фудбалската федерација на оваа земја. Милошевиќ на клупата ќе го наследи Мехо Кодро кој доби отказ, по само два месеци и два меча како селектор на БИХ.

Милошевиќ беше најсериозен кандидат, а доби поддршка од поголемиот дел на членовите на извршниот одбор.

Саво Милошевиќ беше асистент во селекцијата на Црна Гора, потоа беше тренер на Партизан и на Олимпија Љубљана.

Се вчитува...