Саво Милошевиќ пред заминување од клупата на БиХ

Саво Милошевиќ е многу блиску до заминување од клупата на Босна и Херцеговина откако српскиот стратег не успеа да ја донесе посакуваната „шок-терапија“ по пристигнувањето на кормилото на националиот тим.

Босанците катастрофално ги завршија мундијалските квалификации, погледите беа насочени кон баражот за ЕП 2024 против Украина што на крајот го загубија со 1-2, со два примени гола во самиот финиш.

Притисокот врз Милошевиќ е огромен, а поранешниот тренер на Партизан најави дека е можно наскоро да ја напушти функцијата.

„Дали ќе останам и во иднина навистина не можам да кажам, пред се затоа што не зависи само од мене, постојат илјадници работи кои можат да се случат. Со оглед на резултатот, навистина е компликувано. Дали јас би останал? Планот беше да победиме и да играме финале за пет дена, но сега сето тоа се менува“, истакна Милошевиќ по синоќешниот пораз од Украинците.

Се вчитува...