Андреј Тодороски од ТСЦ Бачка Топола бил на списокот на Гоце Седлоски за натпреварите со БиХ и Турција, образложи селекторот.
Меѓутоа поради административни пречки тој нема да биде дел од репрезентацијата. Едноставно не е средена неговата патна исправа, и се чека само на таа формалност за да дебитира за Македонија.
„Тодороски беше на списокот, меѓутоа се чека неговиот пасош. Има квалитет, го имам гледано и верувам дека набрзо ќе биде средено и тоа и на него ќе можеме да сметам“, изјави Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
