„Се дрма европскиот фудбал“ – Се случува ли најголемиот трансфер во историјата!?

Килијан Мбапе е член на Реал Мадрид две години и сè уште е без трофеј. Французинот дојде како големо засилување, требаше да биде лидер на тимот, но на секој чекор добива критики од незадоволните навивачи на кралскиот клуб.

Има многу такви на кои не би им пречело Мбапе да го напушти клубот. Дури и започнаа петиција за тоа, но реално кажано, малку е веројатно дека Килијан ќе го напушти Бернабеу во наредниот период.

Сепак, од Англија доаѓаат вести кои би можеле да го потресат европскиот фудбал. „ТокСпорт“ тврди дека Мбапе би можел да се приклучи на Челси во еден од најголемите трансфери досега.

„Килијан Мбапе се поврзува со преселба во Челси во трансфер кој би можел да го потресе европскиот фудбал“, објавуваат англиските медиуми.

„Новиот менаџер Чаби Алонсо навистина го сака на Стемфорд Бриџ. Тој е убеден дека француската суперѕвезда би можела веднаш да го претвори Челси во тим кој ќе се бори за титулата“, пишуваат Англичаните.

Пулсот на навивачите на кралскиот клуб јасно покажува дека тие нема да имаат ништо против заминувањето на француската ѕвезда. Тоа би донело огромни пари во клубот, околу 200 милиони евра, а во тимот би се нашол мир, кој, според сите извештаи, не е таму од неговото доаѓање.

Мбапе играше навистина одличен фудбал во овие две сезони. Сепак, многу се зборува за неговиот егоизам и себичност, што воопшто не им одговара на неговите соиграчи. Ова јасно му беше покажано во неколку наврати.

Чаби Алонсо го сака и Арда Гулер!

Килијан Мбапе не е единствениот играч на Реал Мадрид кого поранешниот тренер на кралскиот клуб го сака во Лондон. Тука е и Арда Гулер.

Турскиот фудбалер играше одлично со Алонсо. Конечно ја доби својата шанса и ја искористи максимално. Одигра неколку навистина одлични натпревари.

Алонсо е убеден дека 21-годишниот Турчин е идеален играч за „сините“. Тој го сака во својот тим од следната сезона, а Реал бара најмалку 100 милиони евра за неговите услуги.

Од друга страна, Реал го сака Енцо Фернандез. Па, може и да има некаква размена меѓу двата клуба, но и еден од најголемите трансфери на сите времиња.

Се вчитува...