Се е договорено: Нкунку доаѓа во Челси

Челси е подготвен да ја пополни дупката на голетерската позиција со ангажман на Кристофер Нкунку, кој ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“ за отштета од 60 милиони евра. Францускиот репрезентативец летово потпиша нов договор со Лајпциг, но во него има клаузула за заминување што Челси е подготвен да ја активира за Нкунку да се пресели во Премиер-лигата.

Весникот „Билд“ утрово обелодени дека Нкунку веќе ги минал лекарските прегледи, се со цел што поскоро да биде потпишан договор меѓу клубовите. Лајпциг сака да го задржи Французинот, па големи се шансите дека трансферот ќе биде комплетиран дури на крајот од сезонава, но Челси сака да избегне наддавање околу личните услови и уште сега да го потпише договорот.

Нкунку одигра 147 натпревари за Лајпциг, притоа постигнувајќи 53 гола, надополнети со 48 асистенции, што беше причина за овој фудбалер да се интересираат врвни клубови од Премиер-лигата и од Серија А.

Германскиот клуб добро ќе заработи на францускиот напаѓач, кој пристигна од ПСЖ за 13 милиони евра, а сега ќе биде продаден за значително повисока сума.

Се вчитува...