Се е готово околу враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид!
„Сите услови се усно договорени меѓу Жозе Мурињо и Реал Мадрид, само документите остануваат да се потпишат. Планиран е почетен двегодишен договор, а Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал-Билбао. Специјалниот се враќа“, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Веќе и досега беше јасно дека португалскиот стручњак е единствениот преостанат кандидат за клупата на „кралскиот клуб“, а сега е потврдено дека тој ќе го наследи Алваро Арбелоа.
🚨 BREAKING: José Mourinho back to Real Madrid, HERE WE GO! 💣🤍
All terms have been verbally agreed between José Mourinho and Real Madrid, waiting to sign all documents.
Plan for initial two year deal, JM to travel to Madrid after Real-Bilbao game.
The Special One is back. pic.twitter.com/K267WgiqjC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 18, 2026
Мурињо ќе стане четвртиот тренер на првиот тим на Реал за само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.
Цврста рака за соблекувалната
Изборот на Мурињо се појавува како единствена логична опција. До неодамна, имиња како Маурисио Покетино и Дидие Дешамп беа исто така во игра, но Португалецот секогаш беше во водство.
Неодамнешните настани во клубот, од расправијата меѓу Аурелиен Чуамени и Федерико Валверде до испадот на Килијан Мбапе кон тренерот Арбелоа по натпреварот против Овиедо во четврток, само го зајакнаа ставот на раководството дека е потребен тренер од калибарот на Мурињо. Тој се смета за единствената личност способна да воведе ред во соблекувалната, која, како што објавуваат медиумите, се претвори во „буре барут“.
Поддршката на Перез
Неодамна започнатиот изборен процес, инициран од претседателот Флорентино Перез по неговата прес-конференција минатиот вторник, нема да го спречи доаѓањето на Португалецот.
Самиот Перез индиректно го поддржа враќањето на Мурињо.
„Тој веќе беше тука и го подигна нашето натпреварувачко ниво“, рече претседателот кога беше прашан за Португалецот, единствениот тренер што го спомена во разговорот.
Перез, како и другите во клубот, верува дека првиот мандат на Мурињо од 2010 до 2013 година бил клучен за последователните успеси, вклучително и освојувањето на четири титули во Лигата на шампионите за пет години помеѓу 2014 и 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
