Се е подготвено за спектакл… Вајлдер и Фјури со жестоки закани еден кон друг

Се е подготвено за еден од најочекуваните бокс меча во последно време. Синоќа беа завршени процедурите околу официјалното мерење, а веќе утре рано наутро не очекува големата пресметката меѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури. Програмата во Лос Анѓелес почнува од три часот наутро по средноевропско време, а борбата меѓу Вајлдер и Фјури ќе биде околу пет часот.

Синоќешното мерење покажа голема разлика во тежината меѓу боксерите. Вајлдер во мечот влегува тежок 96,4 килограми, а Тајсон Фјури – 116,3 килограми. Но, и мерењето мина со провокации меѓу двајцата боксери кои мораше да бидат разделени. Вајлдер прв почна со провокациите…

„Јас сум кралот со маска. Тој сервира некакви ефтини приказни, а делата кажуваат повеќе од зборовите. Утре ќе ослободам се од мене да му покажам кој е кој“ – истакна Вајлдер.

Секако, следеше одговор од противникот…

„Се тресе неговото газ..це. Нервозен е, не го сака овој меч зошто знае дека ќе биде нокаутиран заедно со оние негови смешни 96 килограми. Ќе му го откорнам срцето и ќе го нахранам со него“ – далеку пожестоко реагираше пред медиумите Фјури.

Се вчитува...