Се е полесно за Далас откако се врати Дончиќ, дербито на Њујорк за Никс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се врати на терените по пауза од четири натпревари поради повреда на скочниот зглоб и го одведе Далас до победа во дербито на Тексас, против Сан Антонио Спурс од 102-98.

Дончиќ за малку не запиша трипл-дабл, бидејќи натпреварот го заврши со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции. Одличен во таборот на Маверикс беше и Тим Хардвеј Џуниор со 17 поени. Кај гостите Дероузен мечот го заврши со 21 поен, а Олдриџ запиша 17 поени.

Во останатите мечеви од понудата дербито на Њујорк им припадна на Никс кои беа подобри од Бруклин на гости со 82-94, Јута го совлада Портланд со 121-115, Детроит – Вашингтон 132-102, Оклахома – Мемфис 97-110 и Сакраменто – Минесота 104-105.

Се вчитува...