Дастин Поарие славеше во борбата против Конор Мекгрегор, а поразот на Ирецот едвај го дочека пензионираниот шампион Хабиб Нурмагомедов.
Мекгрегор во изминатите денови пред борбата со Поарие неколку пати јавно го прозиваше Нурмагомедов, па по поразот со скршеница на ногата сосема очекувано беше дека ќе се јави и Дагестанецот.
„Доброто секогаш го победува злото. Среќен сум за Поарие, се надевам дека нема да го добиеш шампионскиот појас до крајот на годината“, му порача Хабиб на Конор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА