Се јавуваат првите проблеми за квалификациите: Француските клубови не ги ослободуваат фудбалерите за репрезентативните собири

Напаѓачот на францускиот второлигаш Шамбли, Влатко Стојановски би можел да биде првото откажување за селекторот Игор Ангеловски за мартовскиот собир во рамките на квалификациите за пласман на СП 2022.

Како што пренесува „Л’Екип“, двете најсилни француски лиги побарале од Француската фудбалска федерација да не се даде дозвола за напуштање на тимовите овој месец за сите повикани фудбалери во своите национални селекции кои не се дел од ЕУ, како потоа не би се доволе во ситуација на непотребни карантини поради пандемијата на коронавирусот.

Овој пример на Франција, има најави, дека ќе го следат и други земји членки на Европската унија.

Стојановски е на списокот на Ангеловски за стартот на квалификациите за СП и натпреварите против Романија (25. март), Лихтенштајн (28. март) и Германија (31. март).

Се вчитува...