Се насетува англиско финале во ЛЕ: „Топчиите“ убедливи со Валенсија, Челси со реми од Франкфурт

Англиско финале се насетува во Лигата на Европа, ако се суди според резултатите од првите натпревари во двете полуфинални пресметки. Арсенал со предност од 3-1 против Валенсија ќе патува на реваншот во Шпанија, додека Челси има позитивни 1-1 од гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт.

На дуелот во Франкфурт, Ајнтрахт поведе со голот на одличниот Лука Јовиќ во 23. минута, а израмни Педро со погодокот во последната минута од првиот дел.


Стрелец за Арсенал во два наврати во првото полувреме, во 18. и во 26. минута, беше Лаказет, откако гостите први дојдоа до предност со голот на Диакхаби во 11. минута.



А, за убедлива победа од 3-1 која навестува финале за „топчиите“ се погрижи Обамејанг со погодокот во 91. минута од натпреварот.

Се вчитува...