Се навежба и Пјуник…утре Вардар ќе ги испраша (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ерменците дојдоа амбициозно на арената „Филип Втори“. Удрија и по некое склекче, се навежбаа, а утре треба да покажат што знаат. Вардар треба да им биде како урнек, стигна минатата сезона до групната фаза од Лигата на Европа, а утревечер (19 часот) секако ќе ги испраша колку знаат. На првиот меч, фудбалерите на Пјуник положија, и добија добри оценки… Бобан Бабунски доби „кец“, па го сменија, а и фудбалерите во „црвено-црно“ знаат дека не беа на потребното ниво. Редно е да покажат многу повеќе, а Пјуник да си замине дома сфаќајќи дека загубил од подобар тим…

Се вчитува...