Продолжува „шпанската серија“ помеѓу Килијан Мбапе и Француската фудбалска федерација. Напаѓачот на ПСЖ долго време е во конфликт со Федерацијата околу правата на имиџ, а се кулминираше кога вчера е објавено дека француската ѕвезда одбил да учествува во заедничката фотографија на француската репрезентација.
Мбапе одбил заедничко фотографирање затоа што не се чувствува добро промовирајќи компании кои се занимаваат со обложување и ланци на брза храна. После тоа следеше одговор од Федерацијата.
„После разговорот со челниците на Федерацијата, тренерот и водителот на маркетингот, Француската федерација ќе го ревидира, што е можно побрзо, договорот за правилата на имиџот на фудбалерите. Федерацијата работи на условите на новиот договор кој ќе ги штити сите интереси земајќи ги во предвид загриженоста која ја искажаа играчите“, стои во писмото на Федерацијата.
Федерацијата, очигледно, е подготвена да му попушти на Мвапе и другите фудбалери кои не се сложуваат со рекламирањето на одредени компании. Уште од 2010 година е договорено дека тие права ќе бидат поделени подеднакво меѓу 23 играчи кои настапуваат за репрезентацијата, а напаѓачот на ПСЖ сака голем дел да одат во развој на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА