Се огласи и Иванишевиќ – без ниту еден збор во објавата! (ФОТО)

Ставен е крај на петгодишната соработка меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ.

Тенискиот свет го дочека денеска неочекуваната вест за завршувањето на соработката, ако се знае дека голем напредок Ѓоковиќ имаше со Иванишевиќ во сервисот, што придонесе и за исклучително добрите резултати изминативе пет години. Во ерата на Иванишевиќ, Ѓоковиќ освои 12 грандслем турнири.

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше во 2018 година, кога со Маријан (Вајда) сакавме да донесеме некоја ‘сервисна магија’ на нашето дуо. И, не донесовме само сервис, туку и многу смеа, забава, прво место на крајот на годината, многу рекорди и уште 12 грендслем-титули. Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше силно. Шефињо, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам“ – напиша Ѓоковиќ.

Веднаш по таа објава на Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил се огласи и Иванишевиќ, кој само ја сподели објавата од Новак, испратена со два емотикони и без ниту еден збор…

Се вчитува...