Се огласи Маркез: Повредата е сериозна, таа ја донесе одлуката за моето возење во Катар

Возачот на Хонда, Марк Маркез ќе ја пропушти првата трка во шампионската сезона во Мото ГП, што е закажана за овој викенд во Катар. Маркез разговарал со лекарите и решил да не вози на оваа трка, иако бил на списокот на потенцијални учесници.

Се додава дека најновите прегледи покажале дека, 15 недели по последната операција на коската на надлактицата, организмот реагирал добро на зголемувањето на интензитетот на тренингот, но дека сè уште не е време 28-годишникот да излезе на патеката.

„По последниот преглед од страна на медицинскиот тим, лекарите ме советуваа дека е најдобро да не учествувам на Големата награда на Катар и да продолжам со планот за опоравување што го следевме во последните неколку недели. Би сакал да можам да учествувам на првата трка од шампионатот, но мора да продолжиме со закрепнување“, рече Шпанецот.

Потсетуваме, Шпанецот ја скрши коската на десната надлактица на почетокот на минатата сезона во Херез, поради што беше трипати на операција.

Се вчитува...