Се огласија и од фудбалскиот клуб Кожуф по повод скандалозниот натпревар против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите, со кои постигнуваат гол за победа, во миговите кога е 1-1.
Од Кожуф ги отфрлаат сите обвинувања кон клубот и кон играчите, и велат дека ако истрагата утврди нерегуларности, виновниците да бидат казнети.
„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!“, велат од Кожуф.
Претходно и Башкими се огласи во врска со инцидентот, нарекувајќи ја победата „чиста“, а ФФМ и министерот за спорт Борко Ристовски најавија строги санкции и одземање на дејноста спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА