Се огласија сирени за воздушен напад пред мечот на Зајков и Тотре во Украина

Натпреварот помеѓу Ворскла и Днипро-1 е поместен за во 13:20 часот, откако непосредно пред неговиот почеток закажан во 12:00 часот, е дадена тревога за воздушен напад. Сирените се пуштија во областа Минај, каде што се игра натпреварот блиску до границата со Словачка. Тревогата е дадена во 11:10 часот, пренесува порталот УА-фудбал.

Откако сирените дадоа знак дека опасноста е помината во 12:40 часот, делегатот и судиите одлучија мечот да почне во 13:20 часот по македонско време.

Беа објавени двата состави, во кои во Ворскла се најде и Ѓоко Зајков, а Енур Тотре остана на клупата за резерви. Излегоа играчите на загревање, меѓутоа набрзо се огласија сирените и мораше да бидат повлечени сите играчи.

Се вчитува...