Се пензионираше судијата кој ја донесе најголемата радост на Македонија

Англискиот судија Ентони Тејлор објави дека става крај на кариерата како фудбалски судија. 47-годишниот арбитар изјави дека Светското првенство 2026 година ќе му биде последен ангажман во фудбалската кариера, и дека е време да почне „ново поглавје“.

Англичанецот судеше 16 сезони во Премиерлигата, делеше правда на две ветски првенства, судеше во финалето на ФА Купот во 2017 и во 2020 година, како и во финалето на Лигата на Европа во 2023 година.

Македонската јавност ќе го памети по натпреварот во Тбилиси во Грузија во ноември 2020 година, кој беше одлучувачки за пласман на Европското првенство, и кој Македонија го доби со 0-1 со што донесе прв историски пласман на нашата селекција на  едно големо натпреварување.

Се вчитува...