Се подготвува бомба во Италија – Таткото на Меси стигна во Милано

Последните неколку години Интер константно се поврзува со Лионел Меси. Сега е направен следниот чекор околу преселбата на феноменалниот Аргентинец на „Џузепе Меаца“. Таткото на Лионел Меси е во Милано, а тоа само ги потгрева шпекулациите околу преминувањето на асот на Барселона во Интер, бидејќи познато е дека тој не е во добри односи со раководството на Каталонците.

Интер сака да го направи истото што му успеа на Јувентус кој пред две години изненадувачки го доведе Кристијано Роналдо во Серија А. Италијанските медиуми пренесуваат дека е можно отворање на ново поглавје од легендарното ривалство меѓу Меси и Роналдо, а покрај лошиот однос со раководството на Барселона, токму ривалството меѓу двата аса е една од причините за желбата на Лео да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...