Се подготвува ли нешто досега невидено во фудбалот: Реал ќе носи дури пет фудбалери од Сити!?

По десет години, Пеп Гвардиола повеќе нема да биде на клупата на Манчестер Сити, поради што се очекуваат големи промени во самиот тим.

Многу играчи сакаат да го напуштат клубот бидејќи една од главните причини за нивното доаѓање беше токму соработката со Гвардиола, па сигурно ќе има огромни промени меѓу „граѓаните“.

Истото се очекува и во Реал Мадрид, чиј тренер речиси сигурно ќе биде Жозе Мурињо од летото.

Мурињо и Перез сакаат да направат нешто невидено досега во светот на фудбалот и да доведат дури пет играчи од Манчестер Сити во своите редови ова лето.

Родри е првата цел на Реал Мадрид, но Перез ги сака и Халанд, Тијани Рејндерс и Јошко Гвардиол во Реал Мадрид.

Освен наведените играчи, Перез го сака и Бернардо Силва, чиј договор со Манчестер Сити веќе истече.

Доколку успеат да ги завршат сите овие задачи, а особено ангажманот на Халанд, Родри и Гвардиол, Реал Мадрид сигурно би имал феноменален тим следната сезона.

Се вчитува...