Се појави клучниот доказ – еве кој е виновникот за хаосот на Новак Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ би можел да биде ослободен од австралиските власти за да може да настапи на претстојниот гранслем турнир откако е обелоденет документ што бил проследен до сите потенцијални учесници на Австралија Опен, со кој јасно се гледа дека Србинот воопшто не е виновен за хаосот што настана.

Имено, австралиските медиуми денеска објавија писмо што Тениската Асоцијација на Австралија го испратила до учесниците на гранслем турнирот, со кој ги известува дека може да се добие „медицински исклучок“ и да се биде дел од гранслем турнирот и без вакцинација, но само во случај доколку тенисерот бил позитивен на коронавирус во изминатите шест месеци. Токму тоа била „картата“ на која играл Ѓоковиќ, но проблем претставува што тениската асоцијација писмото го испратила на 7 декември, иако еден месец претходно била известена од државните власти дека прележаната болест нема да значи олеснување на околностите, односно дека сите спортисти сепак ќе мора да бидат вакцинирани.

Од ваквиот документ, како и датумите на целокупната документација, јасно се гледа дека Ѓоковиќ пристигнал согласно правилата на тениската организација, која притоа посредувала и за негово добивање на виза.

Дури откако државните власти се вклучиле во целиот случај и го разгледале процесот на издавање на визата биле утврдени неправилностите поради кои Ѓоковиќ најпрвин беше задржан на аеродромот, му беше одбиена визата и потоа беше сместен во хотел за мигранти се до конечната одлука на судот за неговата жалба.

Се вчитува...