Се појави тајна аудио снимка: Перез тврди дека му се подготвувал атентат

Нова голема контроверзија ја потресе шпанската јавност по објавувањето на тајна аудио снимка на која претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, тврди дека бил цел на заговор за негово убиство.

Каталонската радио станица „RAC1“ ексклузивно ја објави снимката која потекнува од сведочењето на Перез пред Националниот суд на Шпанија, одржано на 14 ноември 2019 година. Во својот исказ, првиот човек на „кралскиот клуб“ отворено зборува за жестокото соперништво со Игнасио Санчез Галан, извршниот претседател на енергетскиот гигант „Ибердрола“.

Според тврдењата на Перез во аудио снимката, Галан наводно ангажирал озлогласениот поранешен полициски комесар Хозе Мануел Виљарехо со цел трајно да го елиминира. Претседателот на Реал Мадрид пред судот посочил дека заговорот против него вклучувал планови за негово отстранување преку три можни методи, меѓу кои и атентат.

„Постојат три работи што ми ги кажуваа постојано. Прво, дека најдобро би било да исчезнам преку несреќа или со вирус. Не знаев дека може да се исчезне некого со вирус. Друга работа што ја велат е дека мора да ги пронајдат банкарските сметки што ги има Флорентино Перез надвор од Шпанија и дека би платиле многу пари за тоа. А другата, што е скандалозна, е да ми вонбрачно најдат дете“, рече тогаш претседателот на Реал Мадрид.

Оваа аудио снимка протекува во јавноста во исклучително тензичен период за Реал Мадрид, кога клубот се соочува со внатрешни превирања, меѓусебни обвинувања и жестоки медиумски војни во ек на претседателската кампања. Од Мадрид засега нема официјален коментар за автентичноста на објавените материјали.

 

Се вчитува...