Се повреди и Бонучи – Јуве остана без дефанзивци пред Барселона

Главоболките на Андреа Пирло стануваат се поголеми, не само поради слабите резултати, туку и по честите повреди на првотимците на Јувентус.

Следен предизвик за „старата дама“ е пресметката од Лигата на Шампионите против Барселона, дуел на кој Пирло ќе мора да ексспериментира со „крпена одбрана“. Де Лихт е повреден уште од текот на летото, минатата седмица се повреди и Џорџо Кјелини, а главоболките на стручниот штаб станаа уште поголеми откако вчерашниот меч со Верона не успеа да го финишира Леонардо Бонучи. Капитенот настапи повреден, но се чини дека ја обнови повредата на мускулот и сега го очекува нова пауза од терените.

Во една таква ситуација, Демирал останува единствен класичен одбранбен фудбалер на располагање на Пирло. За очекување е од првата минута против Барса да стартува и младиот Фработа, кој влезе на местото на Бонучи на дуелот со Верона.

Се вчитува...