Се повреди Криштопанс, Дибиров и Чупиќ „глумеа“ бекови, но Вардар ја победи Војводина

Европскиот првак Вардар и кога има огромни проблеми со повредите, а дел од ракометарите добија и одмор, сепак, е пресилен за Војводина. Главоболките со повредите за тренерот Едуард Кокшаров се зголемија откако на самиот старт од мечот во СЕХА – лигата остана без Даинис Криштопанс, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, но вардарци смогнаа сили да го совладаат гостинот од Нови Сад со 26-23.

Со импровизирани позиции во нападот, со Тимур Дибиров и Иван Чупиќ на левата и на десната бековска позиција, и единствено со Скубе клако среден бек, Вардар сепак изнајде начин и сили да оствари очекувана победа против Војводина.

Во првиот дел „црвено-црните“ обезбедија предност од четири гола (10-6), но во еден период останаа со двајца ракометари помалку, а Војводина тоа го искористи и на полувреме замина без негатива (11-11).

Неизвесен беше и најголем дел од второто полувреме, но Вардар сепак успеа да се одлепи во финишот, создаде пет гола позитива (26-21) и успеа да го приведе мечот до крај за триумф од 26-23.

Сташ Скубе постигна седум гола, Димитар Димитриоски беше стрелец на шест погодоци, а Иван Чупиќ го заврши мечот со пет гола. кај Војводина, најефикасен беше Страхиња Станковиќ со седум постигна гола.

Се вчитува...