Се премислува? Нојер се најде на поширокиот список на Германија за СП

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, е вклучен во проширениот состав на германската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа „X“.

Според информациите, главниот тренер на германската репрезентација Јулијан Нагелсман го вклучил 40-годишниот голман на минхенскиот гигант во својот список.

Проширениот состав вклучува вкупно 55 играчи. Нојер е еден од петте голмани во него.

Искусниот голман се реши да стави крај на репрезентативната кариера после ЕП 2024 година. Германија има проблем со голманите, со оглед дека Тер Штеген е повреден, па брани Бауман, Нагелсман смета дека ќе го убеди искусниот Нојер за „кам-бек“.

Засега голманот на Баерн Минхен демантира дека ќе се врати во националниот тим, но воа може да го убеди да се премисли.

Германија е во групата Е заедно со селекциите на Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.

Се вчитува...