Се разбуди „босанската ѕверка“: Нуркиќ ги уништи шампионите… (ВИДЕО)

Портланд славеше на гостински терен против актуелните шампиони Голден Стејт со 109-110 по продолженија во еден од синоќешните дуели од НБА лигата, најмногу благодарение на феноменалната партија на босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ.

Портланд на околу 50 секунди пред крајот од регуларниот дел имаа пет поени предност (97-102), но Кевин Дурант врза пет едноподруго поени и го однесе натпреварот во продолжение. Па таму по голема борба, Портланд славеше благодарение на тројката на Демијан Лилард на шест секунди пред крајот.

Јусуф Нуркиќ одигра одличен натпревар предводејќи го својот тим со 27 поени, дополнети и со 12 скока и четири асистенции. МекКалум постигна 24 поени, а Лилард мечот го заврши со 21 поен.

Кај Вориорс се издвои Стеф Кари со 29 поени, а Кевин Дурант имаше „трипл-дабл“ од 26 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Се вчитува...