Маркус Рашфорд пристигна летово на позајмица од Манчестер јунајтед, но првите средби на Англичанецот во дресот на Барса беа катастрофални. Каталонските медиуми го критикуваа голгетерот, управата жалеше што го довела, а тренерот Флик се поретко му даваше шанса.
Сепак, честите повреди во навалната линија придонесоа Рашфорд да добие поголема минутажа на последните неколку средби, а напаѓачот знаеше како да ја искористи укажаната шанса. Тој блесна во ЛШ против Њукасл, потоа одигра квалитетно и на наредните средби, а беше и единствена светла точка во таборот на Барса при вчерашниот пораз во Севилја.
Ова придонесе каталонците да ја „сменат плочата“ кога станува збор за иднината на Рашфорд, па последните информации говорат дека Барса ќе почне преговори за да го задржи голгетерот уште најмалку една година на „Камп ноу“. Во договорот за позајмица има клаузула за откуп од 30 милиони евра, но Барса не планира да ја активира, туку Лапорта и Деко ќе настојуваат на намалување на оваа сума, ако се знае дека Рашфорд е најплатен фудбалер на Јунајтед, а за него нема иднина на „Олд Трафорд“. Самиот фудбалер не крие дека е среќен и дека сака да остане во Барса, па каталонците се подготвени да разговараат и за нова позајмица, за Рашфорд да го продолжи престојот во Барселона и по летото 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

