По долго чекање, Виктор Ѓекереш конечно стана играч на Арсенал. Тој дури и не дебитираше за „топчиите“, но веќе сруши еден рекорд.
Ѓекереш ќе го носи легендарниот број 14, а неговото доаѓање предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на Арсенал.
Шведскиот напаѓач веќе го сруши рекордот на клубот за продажба на дресови, и тоа само за неколку дена по неговото доаѓање.
Арсенал им понуди на навивачите бесплатно печатење на името на Ѓекереш на дресот. Тоа е услуга што вообичаено чини дополнителни 16 фунти во продавниците за навивачи и се покажа како одличен потег.
Побарувачката беше толку голема што во еден момент официјалната веб-страница на продавницата за навивачи на Арсенал „падна“.
Првичните бројки покажуваат дека продажбата на дресот со број 14 со името на Ѓекереш ја надмина продажбата на кој било друг дрес на Арсенал во историјата на клубот.
Досега, рекордната продажба беше забележана кога Месут Озил се приклучи на клубот во 2013 година. Во првите 24 часа, дресот на Ѓекереш беше продаден 12 пати повеќе од оној на Озил.
До неговото доаѓање, најпопуларните дресови беа оние на Деклан Рајс, Букајп Сака и Мартин Одегар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

