Се враќа Лигата на шампионите: Спектакл во Париз, Милан и Тотенхем имаат нерасчистени сметки

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен вечерва на „Паркот на принцовите“ во главниот град на Франција ќе го одиграат првиот натпревар од спектакуларниот двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите.

И двата тима не се во најдобра форма во новата 2023 година, па овој дуел ќе ја предодреди и насоката во која ќе се движи сезоната за двата гиганта. Најверојатно и двата тима ќе ја одбранат титулата во домашните шампионати, но рана елиминација во Лигата на шампионите ќе значи крај и за големите очекувања сезонава. Килијан Мбап и Лионел Меси тренираа за својот тим, па се очекува да бидат во стартниот тим на „светците“, додека Садио Мане се уште не е подготвен за „кам-бек“ во дресот на Баварците.

Во вториот вечерашен натпревар ќе се Милан на „Сан сиро“ ќе го пречека премиерлигашот Тотенхем. И тоа како добро го паметиме последниот дуел на овие два тима во елитното натпреварување. Во истата фаза во 2011 година овие два тима се сретнаа, а Тотенхем во еден двомеч со многу искри успеа со голот на Питер Крауч да се пласира меѓу осумте најдобри.

Натпреварите со кои стартува елиминациската фаза во Лигата на шампионите се закажани за 21 часот.

Се вчитува...