Се врати Икарди и Интер убедливо ја победи Џенова на Пандев

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди се врати во стартниот тим на Интер, постигна и гол од пенал, а „нероаѕурите“ остварија убедлива победа на гости против Џенова. Горан Пандев остана на клупата за резерви во домашниот состав. Роберто Галјардини беше стрелец на првиот и на последниот гол за Интер на овој дел, а мрежата на Џенова ја погоди и Иван Перишиќ. Џенова по половина час игра остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ромеро.

Лацио изненадувачки загуби на гости против Спал со 1-0, со голот од пенал на Андреа Петања во 89.минута, а Рома одигра 2-2 на „Олимпико“ против Фиорентина. Заниоло и Пероти погодија за „волчицата“, но и Фиорентина имаше свои адути во Пецела и Жерсон.

Резултати Италија: Рома – Фиорентина 2-2, Фросинoне – Парма 3-2, Џенова – Интер 0-4, Спал – Лацио 1-0, Торино – Сампдорија 2-1.

Се вчитува...