Јувентус конечно ја заврши потрагата по нов голман откако денеска беше потпишан договор со италијанскиотт чувар на мрежата Гиљермо Викарио, кој пристигна меѓу „црно-белите“ од Торино од редовите на Тотенхем.
Спалети инсистираше на нов голман, во игра беа неколку имиња, но на крајот изборот падна врз Викарио, пред се од финансиски аспект, ако се знае дека Јувентус не плаќа отштета за едногодишната позајмица, а има опција следното лето да го откупи неговиот договор со лондонскиот клуб за скромни осум милиони евра.
За Викарио овој трансфер претставува враќање назад во италијанскиот фудбал. Овој 30-годишен голман е дел од младинската академија на Удинезе, а во сениорскиот фудбал ги има брането боите на Венеција, Перуџа, Калјари и Емполи.
Тој имаше 69 средби за Емполи во Калчо-лигата, наметнувајќи се како еден од најдобрите голмани во сезоната 2022/23, по што следеше трансферот во Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
