Се за Австријците: Фановите велат „Фода оди си“…, Фода вели „ќе биде добро на ЕП!“

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Блик“ (Швајцарија),„Телеспорт“ (Хрватска), „Стандард“ (Австрија)…, ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020.

За ЕКИПА пишува: Андреас Хагенауер (Дер Стандард – Австрија)
Следете го на Твитер: @AndHagen.

Ова е втор пат Австрија да се квалификува на Европска првенство (беа кодомаќини во 2008 па тоа не се важи). Во 2016 година се зборуваше за земјата која ја врати одамна изгубената љубов кон фудбалот. Во убавината на тоа да си аутсајдер како и радоста на децата кои играат по игралиштата во дресови на Австрија, за разлика од се поприсутните дресови на Баерн Минхен и Барселона.

Пет години подоцна, владее различно чувство во земјата. И покрај тоа што Австрија имаше добар настап во квалификациите каде заврши на второто место зад Полска, возбудата во земјата е многу мала. Зашто е тоа така? Бидејќи Австрија ја заврши домашната задача. Ги победи сите репрезентации кои требаше да бидат победени, но се мачеше кога играше против еднакво квалитетни или посилни. Немаше изненадување и затоа имаше многу малку радост.

Како и во многу други земји и во Австрија постои изреката „Порано се беше подобро“. Тоа е едноставен излез евоцирајќи ги топлите убави сеќавања на минатото оставајќи ја носталгијата да ги диктира сегашноста и иднината. Необична работа е тоа што Австрија веројатно никогаш немала подобар тим.

Под водство на Давид Алаба, селекторот Франко Фода има импресивна комбинација на фудбалери на кои може да смета. Некои веќе се докажани како (Арнаутовиќ, Баумгартлингер, Драговиќ и Улмер), други се во најдобрите години (Сабицер, Лајнер, Хинтерегер и Лазаро), а некои од младите изгледаат навистина импресивно и имаат одлична сезона во своите клубови (Баумгартнер, Калајџиќ, Лајнхарт).

Кога ќе се додаде фактот дека тренерот Франко Фода е најдобриот селектор кој го имале гледајќи резултатски природно е да се запрашате што е проблемот. Тренерот и неговиот тим се критизирани поради тоа што се премногу ориентирани на резултатот. Капитенот Баумгартлингер изјави дека претходно Австрија „умирала доблесно“, па затоа сега сакаат да го избегнат тоа.

Се е во ред кога резултатот е во ред, но по лошиот старт на квалификациите за Светското првенство вклучувајќи го и домашниот пораз од Данска од 4-0, Фода изјави: „По таков резултат мора да преиспитаме некои работи. Но, исто така мора да се земат предвид и минатите три години или во превод „Порано се беше подобро“.

Ова ќе биде доста интересен турнир за Австрија. Дали квалитетот на фудбалерите ќе дојде до израз и ќе направат големо изненадување на турнирот? Ако е така можеби на крајот сепак ќе разговараме за убавината на аутсајдерот и ќе ги видиме децата во парковите со дресови на Арнаутовиќ, Алаба и Калајџиќ.

СЕЛЕКТОР

Роден е во Мајнц. Фода имаше долга кариера во која два пати ја освојуваше титулата во Западна Германија, за во 1997 година да се пресели во Австрија каде настапуваше за Штурм Грац. Од тогаш останува во земјата, а селектор на Австрија стана во 2017 година. Неодамна откри што му се допаѓало најмногу кога стигнал во Австрија. „Дека децата во училиштата секогаш облекувале папучи и дека капутите морале уредно да им бидат ставени во ормарите. Тоа на мене и на мојата сопруга многу ни се допадна бидејќи е поврзано со чистота, дисциплина и ред. Во Германија не е така.

ИКОНА 

Давид Алаба. Играчот кој си замина од Баерн Минхен сопствена лига е кога е во прашање популарноста, но исто така може да го сподели своето мислење за тоа на која позиција треба да игра во репрезентацијата, на лев бек или во средината на теренот. Едно е сигурно. Тој е голем амбасадор на австрискиот, поточно виенскиот хумор. Алаба никогаш не се прилагоди на германскиот јазик и често знае да каже виенски изреки кои звучат многу смешно. Еден од безбројните примери се случи за време на интервју по натпревар кога се сврте кон Франк Рибери и му дофрли “Schau net so bled herst” што во превод значи „Каков е тој глуп израз на твојот човек“.

НАЈСРЕЌНИОТ ОД ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Саша Калајџиќ. Напаѓачот на Штутгарт имаше фантастична сезона во својот клуб, со што стана прв избор на селекторот Фода во нападот за ЕВРО. Како споредба, пред една година Калајџиќ се опоравуваше од сериозна повреда, а дебито за штутгарт го имаше дури на крајот на мај.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ 

„Јас сум од Австрија“ од Рајнхард Фридрих. Драматична и емотивна, но сепак многу симпатична мелодија од австриската поп легенда Фридрих Рајнхард која е прифатена како неофицијална национална химна. Кога и да се играат натпревари навивачите прегрнати ја пеат заедно со реплики од славното минато на Австрија. Топењето на мразот од глечерите, солзите на децата и зошто сме љубоморни на штрковите. Бидејќи традицијата не може одново да се почнат и Фалко одамна е мртов, тоа ќе се задржи веројатно за иднината.

ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ

 1. “Alaba unauffällig“ – „Алаба повторно е незабележителен“ или во превод повторно не ги исполни очекувањата.
2. “Eh Wurscht“ – или во превод „Како и да е“.

3. “Oida“ – Тешко е за превод. Во оригинал значи „старец“. Разноврсен израз со кој се изразува се. Од изненадување до бес, возбудување, разочарување и радост.

3. “Foda raus!“ – „Фода аут“.

ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ/НЕГАТИВЕЦ

Кога двајца француски доктори предложија тестирање на ковид вакцините во Африка во април 2020 година, Давид Алаба на твитер напишта „Испробавање на ковид-19 вакцини во Африка??? Дали овие фраери се доктори или кловнови? Ова е вид на расизам кој никогаш не можев да  го замислам. Срамотно и неприфатливо. Сите мораме да застанеме заедно и да работиме рака под рака во борбата против вирусот.

Се вчитува...