Се зголемија апетитите на „лудиот“ аргентински голман: Мартинез сака да брани во ЛШ

Најдобриот голман на штотукузавршениот Мундијал во Катар, Емилијано Мартинез има цел да продолжи во клуб со кој ќе игра во Лигата на шампионите. Според зборовите на неговиот менаџер Густаво Гони, тоа би можело да се случи уште во јануарскиот преоден рок.

Аргентинскиот чувар на мрежата драстично си ја зголеми цената со настапите на Мундијалот во Катар. Аргентина ја освои титулата меѓудругото благодарение и на неговите добри одбрани.

„Мартинез после СП може да го ангажираат само неколку клубови. Нормално дека главната цел е цената која драстично му е порасната. Нашата цел е да оди во некој клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите“, рече Гони.

Мартинез во минатото беше дел од Арсенал, а сега се појави информација дека би можел да биде замената за Нојер во Баерн Минхен. Сепак, „Баварците“ многу веројатно дека ќе го ангажираат Јан Зомер од Борусија Менхенгладбах, а Мартинез ќе мора да почека идна сезона за да дебитира во Лигата на шампионите.

Се вчитува...