Се зголемува македонската колонија во Хрватска: Томче Илиев во преговори со Ријека?!

Хрватска наскоро би можела да добие ново име од македонското фудбалско поднебје, затоа што дефанзивецот на второлигашот Хоризонт Турново, Томислав Илиев, е во преговори со Ријека. Тој оваа зима би можел да пристигне во лидерот на табелата во хрватскиот шампионат.

Оваа земја од Јадранот се почесто е магнет за нашите фудбалери, кои заминуваат во тамошните прволигаши. Во Ријека веќе настапуваат македонските репрезентативци Леонард Жута и Стефан Ристовски, за кого постои интерес од неколку клуба, а следен би можел да им се приклучи и Илиев. Доколу неговиот трансфер во Хрватска пропадне во вода, тогаш не е исклучиво, 23-годишниот Илиев да се приклучи кон некој од нашите прволигаши.

Тој својата кариера ја започна во Хоризонт Турново, а првите дебитантски настапи ги забележа уште кога на кормилото на клубот беше сегашниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски.

Се вчитува...