Себастијан Фетел ќе вози за Порше на Ле Ман?

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел ќе биде тест возач на Порше во програмата за Ле Ман. Како што беше најавено Фетел ќе вози го вози Порше 963 за како дел од 36-часовниот тест на патеката Арагон во Шпанија следната недела.

Порше додаде дека Фетел веќе го возел автомобилот на „кратката програмска сесија во четвртокот“ на приватната тест патека на Порше во Вајсах.

„Ова ќе биде ново искуство за мене, а потоа ќе видиме што ќе се случи следно во овој поглед. Во моментов нема дополнителни планови за во иднина“, се вели во соопштението на Фетел.

Фетел се повлече од Формула 1 во 2022 година по една сезона во Астон Мартин. Тој тогаш изјави дека сака да поминува повеќе време со своето семејство, но и дека е загрижен за влијанието на Формула 1 врз животната средина. Од 2022 година, автомобилите на „24 часа Ле Ман“ работат на биогориво направено од отпад од винската индустрија.

Се вчитува...