Себастијан Херера го напушта Работнички, потпиша за унгарскиот МТК

Македонскиот прволигаш Работнички се раздели со левиот бек Себастијан Херера кој заминува во унгарскиот клуб МТК. Тој ќе му се придружи на Бојан Миовски од Ренова кој пред два дена исто така се согласи на трансфер во клубот од Будимпешта.

„Се работи за модерен лев бек, агресивен, технички одлично поткован, кој има силен и прецизен удар. Офанзивен и многу често умее да асистира. Како странец во тимот на Работнички успеал да дојде и до капитенската лента што значи дека се работи за момче со добар карактер“ – вели спортскиот директор на МТК, Балаж Пољак, на официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...