Седлоски: Атмосферата беше фантастична, благодарност до навивачите

Гоце Седлоски може да биде задоволен од изданието на Шкупи на денешниот дуел со Борец, на кој прволигашот од Чаир уште во првото полувреме си ја осигура победата што на крајот беше изразена со конечни 3-0.

Сепак, поранешниот македонски репрезентативец како најпозитивно од оваа средба го истакна враќањето на стадионот „Чаир“, на кој навивачите на Шкупи им дадоа огромна доверба на неговите избраници.

„Благодарност до навивачите, атмосферата беше фантастична. Во првото полувреме игравме токму онака како што посакував, во првите десет минути од вториот дел воопшто не бев задоволен бидејќи Борец имаше неколку одлични шанси. Сега пред нас е натпреварот од Купот на Македонија, ќе мораме да дадеме се од себе бидејчќи куп-средбите знаат да бидат многу проблематични“, изјави Седлоски.

Се вчитува...