Фудбалерите на Вардар водат со 0-1 на полувреме на Чаир во премиерниот меч од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Првото полувреме не донесе големи возбудувања се до самиот финиш. Првото возбудување се случи кога директен црвен картон доби тренерот на гостите, Гоце Седлоски. По еден старт на средината на теренот, Седлоски беше видно незадоволен од судиската одлука по што жестоко реагираше. По овие реакции главниот судија на мечот Стојанче Трпчевски му даде директен црвен картон.
По црвениот картон следуваше и ново возбудување откако гостите во 45. минтуа стигнаа до водство од 0-1. Стрелец на голот за Вардар беше Мато.
ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска 16.00)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 0-1
Мато 45′
УТРЕ 16.00
Гостивар: БЕСА – АП БРЕРА
Скопје: ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – слободен (ВОСКА СПОРТ се повлече од Првата лига)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА