ЕКИПА во Сараево
Горан Бошев
Нерешено и без голови одигра Македонија на гостувањето во Сараево кај селекцијата на БиХ. Македонската селекција уште еднаш, третпат по ред не го најде патот до голот на противниците, после поразот од Данска, и потоа „ремито“ со Република Ирска.
Селекторот Гоце Седлоски по натпреварот истакна задоволство од настапот на Македонија на овој натпревар во Сараево.
„Прво полувреме имавме и ние шанси, и Босна имаше иницијатива и шанси. Ако постигневме гол од тие две шанси, ќе беше мечот сосема поинаков. Имаше и противникот прилики. Ова е некоја нова репрезентација, со доста трка, со помагање, со доста борба. Игравме со една селекција која игра на Светско првенство и во една прекрасна атмосфера. Сметам дека нерешениот резултат е најреален. Што се однесува до нападот, шансите ќе дојдат. Против силни селекции секоја прилика мора да се искористи“, изјави Седлоски.
Селекторот ги коментираше настапите на дебитантите вечерва четири на број Аломеровиќ, Омерагиќ, Анѓелески и Јанкулов.
„Задоволен сум од играчите кои дебитираа. Другите ќе добијат шанса на следниот меч. Знаеме дека се ова тест натпревари, ние се подготвуваме за Лигата на Нации. Со овие и со оние кои ќе се вратат од повреди, ќе направиме една добра селекција“, заврши селекторот на А националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
