Седлоски: Им реков на момците, првите средби секогаш се незгодни

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, беше задоволен по триумфот на неговиот тим над Академија Пандев со кој тимот од Чаир се зацврсти на првото место на табелата.

Шкупи и со фудбалер помалку успеа да стигне до победата и сега има осум бода предност во однос на најблискиот ривал, правејќи уште еден чекор напред кон титулата.

„И пред мечот им реков на момците, првите средби секогаш се незгодни. Игравме против силен тим што е второпласиран на табелата. Во првото полувреме не бев задоволен од она што го покажавме, но како што минуваше мечот така игравме многу подобро. Јасно е, на новите фудбалери ќе им треба време за да се адаптираат, но најважно е што и со фудбалер помалку стигнавме до победата“, изјави Седлоски.

Се вчитува...