Седлоски: Ќе настојувам Македонија да игра офанзивен фудбал

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

На прес-конференцијата пред натпреварот со Турција, Гоце Седлоски кажа дека Македонија е пред создавање на нова екипа, затоа и се случи да има и седум играчи до македонското првенство, и да има неколку повикани млади играчи.

Седлоски вели дека Турција е одлична селекција со фантастични фудбалери, но дека ќе настојува Македонија да игра офанзивен фудбал.

„Играме со една силна репрезентација како Турција. Ние сме пред нов процес, создавање на нов тим, не е лесно за краток период да се направи игра, но полека од моите играчи сум презадоволен како работат и сите други работи кои треба да ги поправиме од натпреварот со БиХ.

Дојдовме тука да се преставиме во добро издание и да одиграме добро против една силна селекција како што е Турција.

Што се однесува до играчите, повикав седум играчи од македонско првенство, имавме три стартери, така ќе биде и на утрешниот натпревар. Сите кои не добија шанса во Сараево, ќе добијат утре да видиме како ќе се снајдат. Презадоволен сум од тоа како работат, и како одиграа со БиХ. Имаме поголем предизвик сега против Турција, која е одлична селекција и има фантастични индивидуалци“, изјави Седлоски и додава:

„Она кое го барам играчите е дисциплина, и секој да ја извршува секоја задача на теренот. Треба да негуваме офанзивен фудбалер. Игравме доста силни натпревари, ова ќе ми биде четврти меч, и најважно е фудбалерите да имаат добар пристап, и да се вклопат новите играчи. Резултатите ќе дојдат, и ќе настојувам да го играме тој офанзивен фудбал. Сепак, не зависи само се од нас, туку и од противникот. Не сум тип на терен кој сака да се брани, но некогаш и противникот се прашува“, рече Седлоски.

За Турција рече дека ја цени селекцијата, и посака да стигне што подалеку на следното Светско првенство.

„Многу силна селекција, со играчи од силни тимови Јувентус, Реал Мадрид, Интер, им посакувм успех на Светско првенство, и мислам дека може да стигнат далеку на престојниот Мундијал. Но, вредат и другите играчи штом се повикани од селекторот“, додаде селекторот.

Се вчитува...