Седлоски: Лошото е зад нас, доаѓаат подобри денови!

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски осврнувајќи се на досегашните четири натпревари на македонската селекција под негово водство на кое Македонија не успеа да постигне ниту еден гол, вели дека лошото е зад нас а верува во подобри денови на националниот тим.

Седлоски на денешниот брифинг на ФФМ истакна дека на последните два пријателски натпревари, против БиХ (0-0) и против Турција (0-4) тестирал повеќе фудбалери како би се создала слика за настапите во Лигата на нациите од септември.

„Повикав повеќе фудбалери и од македонското првенство, и сите добија шанса. Очекуваме и посакуваме во иднина и некое ново име од младата репрезентација кое ќе излезе и ќе биде повикано во сениорската репрезентација, што не е случај засега. Може да кажам дека атмосферата во репрезнтацијата е добра и покрај поразот од Турција. Мора да бидеме реални и да кажеме дека не чекаат тешки предизвици во Лигата на Нации, но знам дека тие што ќе бидат повикани ќе го дадат максимумот. Најажно е да го оставиме лошото зад нас, а верувам дека доаѓаат подобри денови“, рече Седлоски.

Се вчитува...