ЕКИПА во Сараево, БиХ
Горан Бошев
Два тест натпревари за проверка на квалитетите, пробување тактички варијанти и воигрување ја очекуваат Македонија на крајот од овој месец мај и почетокот на идниот.
Утре во 20:30 часот во Сараево, македонската репрезентација ја игра првата контрола, против селекцијата на БиХ која ја очеува идниот месец настап на Мундијалот.
Македонија, пак, под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, ја очекува првата победа и првиот гол, откако на претходниот мартовски бараж циклус, загубивме од Данска со 3-0, а потоа против Република Ирска одигравме без голови во Даблин.
Седлоски на прес-конференцијата пред мечот ги истакна своите очекувања од утрешниот „тест“.
„Утре ќе биде важен и резултатот и играта. Дојдовме тука со свои амбиции. Нека уживаат и двете екипи, се надевам дека ќе се преставиме во добро издание и ние и противникот, па кој е подобар нека победи. И посакувам на Босна да одигра добри мечеви на Светско првенство. Ние дојдовме тука да се претставиме во добро издание и да извлечеме добар резултт. Имаме многу добри играчи, сакам да ги видам и се надевам дека ќе одиграме еден добар натпревар“, рече Седлоски.
На прашањето што може да се очекува поинаку од натпреварите со Данска и со Република Ирска,
„Се надевам дека ќе одиграме добро. Добро ме познавате јас не сакам да губам. Ќе настојуваме да дадеме гол, се зависи и од противникот. Подготвени се играчите, од сите фудбалери сум задоволен како работат, како од оние кои се веќе тука со нас, до оние новите кои дојдоа, се покажаа како вистинско освежување, а постарите играчи добро ги примија новите играчи кои се приклучија“, рече селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
