Шкупи стигна до двоцифрена предност на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига откако на домашен терен славеше со 3-2 над Тиквеш во 21. коло. До победа чаирчани стигнаа потешко од очекувањата, но на крајот ја оправдаа фаворитската улога.
По натпреварот тренерот Гоце Седлоски не го криеше задоволството од новите три бода, но напомена дека не е задоволен од завршницата во која гостите со гол во 88. минута остнаа во игра за бодови.
„Доста тежок и неизвесен натпревар. На полувреме барав од моите фудбалери да постигнат втор гол. Тоа успеавме да го направиме. Не знам што се случи и зошто настана паника кога примивме погодок. Такви работи не смееме да си дозволиме. На крај мислам дека запишавме сосема заслужена победа. Но, не сум задоволен од начинот на кој што ги одигравме последните минути. Најважно е што ги освоивме трите бода. Треба во иднина да ги поправиме грешките. Мора да играме на победа на секој натпревар. Сега се насочуваме кон мечот против Ренова“, вели Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА