Ја очекуваат Македонија два пријателски натпревари на крајот на сезоната, и тоа против селекции кои настапуваат на Светското пренство. Најпрво гостување во БиХ, а потоа и во Турција.
Селекторот Гоце Седлоски повика 27 играчи, од кои петмина дебитанти. Списокот е проширен со неколку играчи од домашното првенство, а предводникот на националниот тим вели дека овие два меча се добра можност за да се проверат некои нови играчи.
„Што се однесува до натпреварите, повикав 27 играчи. Доста фудбалери откажаа, крај на првенствата и повредите стигнаа. Седум играчи од македонскиот шампионат, и тие кои не се на списокот се како да се со нас. Сакам да проверам некои нови играчи, затоа што брзо ќе дојдат натпреварите во Лигата на Нации, и затоа овој список го дефинирав со овие фудбалери“, изјави Седлоски.
Тој вели дека во иднина ќе бидат повикувани само оние кои се стандарни.
„Има промени, знаете дека работев во Вардар и на тие два меча со Данска и со Ирска. Очекувам од сите играчи кои играат стандардно, дали било во македонска лига, ќе бидат повикувани за националниот тим. Од секој играч зависи дали ќе биде со нас тука. На сите им посакувам здравје само и да играат и да го заслужат повикот да бидат репрезентативци на Македонија“, вели Седлоски, а за дебитантите тој вели:
„На нив е да се докажат. Новите играчи играат стандарно во клубовите. За жал овие играчи кои се повредени ќе ги заменат. Но, овие фудбалери, од нив зависи како ќе се вклопат во нашиот систем со староседелците“, дополни селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
