Седлоски: Овие момци се вистински фраери… Овој Вардар заслужува многу повеќе!

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски не ги штедеши пофалбите за своите избраници по освоениот трофеј во Купот на Македонија.

Седми трофеј за Вардар во историјата во Купот, од нив шести во независна Македонија, а прва титула за Гоце Седлоски во Купот на Македонија, покрај оние три и во шампионатот, како тренер на Вардар (2) и Шкупи.

„Им честитам на моите играчи и на фудбалерите на Струга за еден фер и коректен натпревар. Честитки за момците кои тактички ги исполнија сите задачи и заслужено стигнавме по 18 години повторно до трофејот во Купот на Македонија“ – истакна Седлоски веднаш по мечот, притоа дополнувајќи:

„Знаете и сами каде беше Вардар пред шест месеци, а сега дојдовме до трофејот во Купот кој овие играчи сосема го заслужија. Овие момци се навистина фраери, една вистина армија која знае што сака на теренот. Имавме проблеми на почетокот, некои играчи играат првпат вакви натпревари, но тие јунаци, тие фраери на терен покажаа дека овие натпревари во последните шест месеци не беа случајни резултати. Им честитам на овој успех и ќе видиме што ќе се случува понатаму““.

Сега Вардар го очекува и настапот во квалификациите за Конференциската лига.

„Оваа полусезона секој натпревар за нас беше финале. Сега мора малку да се одмориме, па потоа ќе размислуваме и за настапите во Конференциската лига. Заслужува Вардар многу повеќе. Со неколку играчи како засилувања овие играчи сигурно можат многу повеќе“ – истакнува Седлоски.

Се вчитува...